Здруженијата им помагаат на сиромашните

Заев: Направивме сè, следна е ЕУ

Премиерот Зоран Заев, синоќа им се обрати на граѓаните на Скопје и ја отвори првата трибина на карванот „Најдоброто за нашата општина“.

Во воведниот дел од говорот, Заев се осврна на моменталната состојба со процесот на евроинтеграција и надминување на нелогичните блокади на патот кон ЕУ.

„Ви донесувам честитки од Париз, од главните градови на цела Европа, поздрави преведени во силна и искрена поддршка за нашата земја, чиј главен град е нашето прекрасно Скопје. Скопје е горд и почитуван кога Северна Македонија е горда и почитувана. Тоа е многу важно за нас земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, за поддршка на процесот на интеграција во ЕУ.

Пред нас е Самитот на Европскиот совет во јуни, вистинска можност за чекор напред и решение што ќе ја отстрани блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решенија и најважното просперитетно решение за нас сега е решението за почеток на преговори, одобрен од сите земји-членки на ЕУ “, рече Заев.

Тој истакна дека земјата стори сé што е потребно во реформскиот процес и исполнувањето на критериумите и дека сега е ред на Европската унија.

Колку беше корисен овој пост?

Кликнете на anвездичка за да го оцените!

Просечна оценка 0 / 5. Број на гласови: 0

Досега нема гласање! Бидете првиот што ќе го разгледа овој пост.

ЛИНКИ ЗА СОЦИЈАЛНА МРЕА - По стапките на нашето сакано Аудио